Господ нема да се одрече од нас

 Господ нема да се одрече од нас



„Кој го јаде Моето тело и ја пие Мојата крв, има живот вечен и Јас ќе го воскреснам во последниот ден.“ ( Јован 6:54 ).


Тоа е она што ни се најавува во Светата Тајна Причест. И покрај нашите безброј гревови и неуспеси, и покрај нашата недостојност, можеме да добиеме вечен живот со вера во нашиот Господ. За секој од нас, како блудниот син, вратата на нашиот родителски дом е отворена. А Отецот Небесен е спремен да нè пречека со непроменлива љубов кога сме уште далеку , штом ќе извикнеме во нашите срца: „Татко, згрешив против небото и пред тебе, и не сум веќе достоен да се наречам твој син! ” ( Лука 15:21 ). Не само еднаш засекогаш, туку повторно и повторно, секојдневно и на час, можеме да се обратиме кон Него и никогаш нема да бидеме отфрлени. Гласот Господов ни објавува во големата Тајна Причест, за да Му пристапиме, не надевајќи се на сопствената праведност, туку на Оној „Кој за нас стана премудрост од Бога“ ( 1. Кор. 1,30 ). 

Недостојни сме да ги собереме ни трошките што паѓаат од светата трпеза, но Тој ни ги нуди Своето свето Тело и Својата света Крв, измивајќи нè од гревовите со оваа Божествена Крв, за да останеме во Него и Тој во нас засекогаш.


Од дневникот на еден православен свештеник 

Comments