Одговор на таткото кој насекаде го бараше лекот за синот

На таткото кој насекаде го бараше лекот за синот




Вашиот син се разболел и починал. Сега вашиот живот стана бесцелен и бесмислен. Размислувате за самоубиство. Набавивте отров, го ставивте под перницата и поминувате цели ноќи одлучувајќи дали да го испиете или не. Прашувате зошто Бог ве мачи?

И јас ќе ве прашам нешто. Зошто го мачите Бога? Зошто го мачите оној што беше мачен за вас на Крстот, Исус Христос? Тој претрпе големи маки за да ги спаси луѓето од лажните богови, од лажните спасители и од сите мрачни сили што работат преку нив. А сепак вие го заобиколивте Него, единствениот Вистински, и отидовте први да побарате помош од Неговите непријатели, бајачи и вештерки.

Христовиот апостол вака советува: „Болен ли некој меѓу вас, нека ги повика свештениците црковни, та да се помолат над него, и нека го помажат со елеј во името Господово“ (Јаков 5:14). Вие, повикавте свештеник, старешина на црквата, да им ја прочита молитвата на болнит, но кога? Кога прво им се обративте на сите вештерки и проклетии! Најпрвин го налутивте Него, Кој сам дава живот и здравје, потоа почна да Му се молите. И којзнае со кое срце и каква вера! Дефинитивно со поделено срце и малку вера. Нашиот Бог е помошник на оние, кои со сето срце и полна вера му припаѓаат исклучиво Нему.

Ако некој се моли на Бога и на демонот, тој останува беспомошен, бидејќи Бог не сака и демонот не може да му помогне. Светиот пророк Илија му велел на човекот со поделено срце: „Уште ли ќе храмите на двете колена? Ако Господ е Бог, врвете по Него; ако ли е Ваал-одете по него (т.е. сатанскиот идол) по него“ (3 Цареви 18, 21). И кога се разболе царот Озохија, тој не побара помош од живиот Бог, туку ги испрати слугите во Акарон кај Ваал да прашаат дали ќе оздрави. Свети Илија, кога го слушна тоа, отиде кај царот и му рече: „Вака вели Господ: Поради што испрати пратеници да го прашаат Веелзевула, араконското божество, како да немаше во Израилот Бог да Го прашаш за словото Негово, - ти нема да станеш од леглото, на кое си легнал, туку ќе умреш  (4 Цареви 1, 16).

Така и вие го мачевте Бога и го „гневтевте“. Бог да ти прости. Но, фала му на Нему што го зеде и твојот син и те спаси од самоубиство и психоубиство. И затоа што ти остави време за покајание. Отсега, предајте му се само Нему, со сето свое срце. И Неговата љубов ќе го зајакне вашиот живот, ќе ги осветли вашите патишта и ќе му даде на вашиот син Царството Небесно.


Мир вам од воскреснатиот Христос.


Свети Николај Велимировиќ

Comments

Post a Comment

Напиши коментар