Солзите на покајанието...



 




Солзите на покајанието



Во Киевската лавра во раните години на 12 век, живееле двајца монаси, Теофил и Јован, кои биле блиски пријатели уште од своето детство. Но, и внатре во манастирот тие станаа модел на братска љубов.

Бидејќи сакале да останат неразделни и во гробот, го молеле одговорниот монах отец Марко да им подготви заедничко гробно место.

Еднаш Теофил некое време отсуствувал од Лаврата. Но, за време на неговото отсуство, Јован се разболел и замина во рајот. Враќајќи се, Теофил горко плачеше за смртта на својот духовен брат, но се огорчи, бидејќи го најде покојникот закопан на првото место во заедничкиот гроб.

Отец Марко, се побуни тој, зошто го ставивте овде? Јас мора да бидам погребан во првиот ред, како постар.

Смирениот и едноставен отец Марко му се извини на разгневениот монах и, свртувајќи се кон мртвиот, нареди:

Стани брате и дај му го првото место на постариот.

Со ужас тогаш сите го виделе мртвиот човек како станал и ја сменил положбата.

Теофил веднаш се свести. Покајно побарал прошка од отец Марко, кој му одговорил со овие зборови:

 Треба, оче Теофил, да не излегуваш одовде, туку веднаш да легнеш на прво место, штом толку ревносно го бараш. Но, ти не си подготвен. Затоа оди и бори се за своето спасение, зашто нема да помине долго пред да дојдеш овде засекогаш.

Преплашен, тој отиде директно во својата ќелија. Тој се затвори и систематски се препушти на молитва. Неутешното беше неговото плачење.

Поминаа неколку години. Од постот и бдението тој стана само кожа и коски. Од непрестајното плачење го изгубил видот. Во тој период починал и старецот Марко. Тогаш отец Теофил го зголеми постот и солзите.

Пред себе ставаше голем глинен сад и плачеше по него, истурајќи ги солзите во него.

По некое време садот беше полн! Потоа му се врати видот. И додека се молеше, пред него се појави ангел облечен во бело и му рече:

Солзите не се единствените што ги собравте. Тие се и оние што јас ги собрав, кога стоев покрај тебе додека се молеше, оние што ги бришеше со рака и со појас.

Сите овие се во овој сад што го држам. Бог ме испрати да ти објавам дека го напушташ овој свет. Оставете за Оној што рече: Блажени се оние што плачат, оти ќе се утешат! 

Велејќи го ова, ангелот оставил пред нозете на отец Теофил голем сад од кој излегол неопислив мирис и тој исчезнал.

Наскоро неговата душа замина во рајот. Неговото тело беше погребано до отец Јован. Тогаш игуменот, во согласност со последна желба на отец Теофил, нареди да се прелие со содржината на ангелскиот сад. Веднаш просторот беше исполнет со опоен мирис.

Тогаш врз него се испразнија солзите од сопствениот сад, тие солзи што го наводнуваа полето на неговата душа, за да ги жнее во полето небесно и на вечното блаженство.


Од книгата: ПОЈАВИ И ЧУДА НА АНГЕЛИТЕ

Comments