Изворот со две води е човек

Изворот со две води е човек




Човекот може да ја фали добродетелта со својата уста, но може и да ја прекори, може да го фали Бога, но може и да Го навредува, може да го подигне паднатиот, но може и да го падне, може да поттикне, но може и ослабне, може да води, но може и да заведе.

Во книгата на мудриот Сирах е напишано:

„Дуваш ли искра-таа ќе се распали,плукнеш ли на неа, таа ќе се угасне и едното и другото излегуваат од твојата уста“ (Сир. 28,14).

Маријам, сестрата на Мојсеј, му пеела пофалби на Бога кога Тој го спасил својот народ и го удавил фараонот велејќи:

„Пејте му на Господ, зашто славно се прослави...“ (2. Мој. 15, 21).

Самата Маријам подоцна се побунила против нејзиниот брат Мојсеј. И за тоа беше казнета од Бога и стана лепроза. Дали гледате колку добро и лошо излегуваат од една уста?


Затоа, Христијанине, биди доследен во доброто.

А кога ќе го видиш праведникот, не плукај по неговата праведност, туку дувни и повторно разгори во него божествената искра, за да биде што посветла.

А кога ќе видиш дека грешникот се кае, не ги спомнувај гревовите за кои се покајал што ги фрлал над него, парталите на гревот, не фрлај ги пак врз него бидејќи неговиот грев ќе падне врз тебе и ќе бидеш суден како ти да си го направил тоа, а не тој.

Не валкајте го оној што почнал да се мие, туку помогнете му да се измие.

Не пречиму го оној кој тргнал по патот на доблеста, туку охрабрувај го.

Затоа што според она што ќе излезе од твојата уста на овој свет, ќе бидеш суден во страшниот Божји суд.


Свети Николај Велимировиќ

Comments