Мора да ги проверите...


 



Мора да ги проверите



Како што наша основна грижа е да се грижиме за оние кои можат да ни го нарушат физичкото здравје, така мораме како наша духовна грижа да се грижиме за оние кои можат да ни наштетат на нашиот духовен живот и делото на верата и спасението.

Затоа, мора внимателно и вредно да ги проверувате вашите внатрешни пориви: дали се тие од Бога или од духот на злиот?

Пазете се од искушенијата на овој свет и од световните луѓе.

Пазете се од скриените внатрешни искушенија кои доаѓаат од духот на рамнодушност и невнимание во времето на молитвата поради опаѓањето на христијанската љубов.


Свети Јован Шангајски 


Comments