Колку повеќе се трудите да го сакате Бога, толку повеќе Тој ви се открива!...

Колку повеќе се трудите да го сакате Бога, толку повеќе Тој ви се открива!



 


 Мора да веруваш дека Бог те сака, дури и ако сите луѓе се одвратат од тебе и сите те напуштат. Кога ќе почувствувате дека не сте сакани и поддржани, тогаш запомнете дека кога сите ќе ве напуштат, вие сè уште го имате Бога како ваш помошник.

Татко ми, вели Давид, и мајка ми ме оставија, но Господ ме прими (Пс. 26, 10). 

Некој монах беше болен. Помина околу еден месец, а никој не отиде во неговата ќелија да го види и да му помогне.

 Тогаш Бог испрати ангел да му служи. И кога подоцна неговите браќа помислија да го посетат, да видат дали е болен, дали нешто се случило, тој, штом ги виде, им викна: 

Одете си!

Тогаш му рекоа: Зошто нè бркаш? 

Тој одговори: Толку долго,  не мислевте на мене, не ме видовте, не ми помогнавте, но Бог испрати ангел и ми служеше. Но сега, кога ве виде ангелот, си замина! Подобро да си отидете, па пак да дојде ангелот!

Зошто треба да имаме љубов кон секој човек?

Колку повеќе се борите да го сакате Бога, толку повеќе Тој ви се открива!

Оној, кој го посакува злото на својот ближен, на крајот си прави зло себеси. А тој што го сака дури и својот непријател, всушност си има корист.

Колку повеќе се трудиме да го сакаме Христа, толку повеќе радост и среќа чувствуваме во себе. Нема поголема среќа на светот од тоа да ни горат срцата од љубов кон нашиот најсладок Господ.

Никој не може да слугува на двајца господари (Матеј 6, 24). За да можеме да Го љубиме Христа со сето свое срце, прво треба да сфатиме дека сите земни работи се минливи и суетни и не смееме да бидеме приврзани за ниту едно од нив. За да можеме да го сакаме ближниот како себеси, мораме да презираме три работи: пари, задоволства и човечка слава.

Можеме ли со Апостол Павле да кажеме:  Кој ќе нè одвои од љубовта Божја; тага ли, невола ли, или гонење, глад ли, или голотија, опасност ли или меч (Рим. 8, 35). Ако е така, тогаш ние навистина го сакаме Христос!

Нема толку многу вредност да ги сакаме оние што нè сакаат. Која си ти милост? (Лука 6, 32). Има вредност да ги сакаме оние кои се непријателски настроени кон нас и оние кои не мразат!



Comments