Плачам и ме боли, Христе мој!...


 



Плачам и ме боли, Христе мој!




Еден млад човек залутал, но толку многу се покајал, кога Божествената благодат го посетила да слушне една проповед, што го напуштил светот и се замонашил.

Изградил колиба во пустината и секој ден плачел од голема болка за своите гревови. Со ништо не можеше да се утеши.

Една ноќ, Исус се појавил во сон, опкружен со небесна светлина. Дојде кај него и љубезно го праша:

Што ти е дете мое и зошто плачеш со таква болка? го праша со Својот сладок глас.

 Плачам, Господи, зашто паднав, рече во очај грешникот.

Тогаш стани!

 Не можам сам, Господи.

Тогаш Царот на љубовта му ја подаде Својата Божествена рака и му помогна да стане. Тој, сепак, не престана да плаче.

Сега, зошто плачеш?

 Ме боли, Христе мој, затоа што те нажалив. Богатството од Твоите дарови го потрошив во отпад.

Човекољубивиот Господ со љубов ја стави раката на главата на страдалниот грешник и радосно му рече:

Откако те боли толку многу за Мене, престанав да жалам за минатото.

Младиот човек го крена погледот за да му се заблагодари на својот Спасител, но Тој повеќе не беше таму. На местото каде што стапнал, се формирал огромен осветлен Крст. Ослободен од товарот на гревот, паднал и му се поклонил.

Со благодарност во душата, по тоа видение, младиот човек повторно стана за да стане најжестокиот проповедник на покајанието и да поведе многу други изгубени кон Христа.

Comments