Мирот е Божествен дар кој изобилно им се дава на оние кои се помирени со Бога и ги извршуваат Неговите Божествени заповеди...


 



Мирот е Божествен дар кој изобилно им се дава на оние кои се помирени со Бога и ги извршуваат Неговите Божествени заповеди


 Мирот е светлина и се оддалечува од гревот, кој е темнина.  Грешникот никогаш не смирува.

 Борете се против гревот и да не ве вознемирува бунтот на страстите во вас.  Зашто, ако во борбата со нив победите, разгорувањето на страстите за вас стана повод за нова радост и мир.

 Грижете се да имате мир со сите и светост, без која никој нема да Го види Господа (Евр. 12:14).

 Мирот и осветувањето се два неопходни услови за секој што копнее да го види лицето Божјо.  Мирот е основата на која почива осветувањето.

 Осветувањето не останува во вознемирено и луто срце.  Гневот, кога се задржува во нашата душа, создава непријателство и омраза кон нашиот ближен.  Затоа се бара брзо помирување со нашиот брат, за да не бидеме лишени од благодатта Божја која го осветува нашето срце.

 Кој се помирува со себе, се помирува со ближниот, се помирува со Бога.  Таквиот човек е осветен, бидејќи самиот Бог живее во него.


Свети Нектариј Егински 


 

Comments