Божјиот избраник...

Божјиот избраник


 

Јас, дедо, рече осуденикот, немаше да ти се отворам да не ми го допреше срцето со твоите проповеди. Тие многу нè покренуваат.

Затворениците имаат право што те сакаат толку многу.

Ти подготвуваат и подарок, икона. Затворениците ќе ве следат каде и да одите. И јас те сакам дедо.

Би сакал да те прашам нешто: исповедај ме и причести ми. Никогаш во животот не сум се причестил со Безгрешните Тајни.

Дали сакаш, чедо мое, да те помазам со Свето миро?

Да, ќе ви се заблагодарам за тоа.

Овде во истата просторија го помазав со Свето миро, на вториот ден го исповедав и го причестив со Пречистите Тајни...

Една година, за време на мојата посета на бродоградилиштето во Нерчинск, во областа Аглаченск, го најдов болен. Разговарав со него два часа. Беше многу задоволен од мојата посета.

За шест месеци повторно го посетив овој затвор. Третиот ден затворениците ме поканија да го посетам овој блажен осуденик, кој беше при крајот на својот живот.

Кога влегов, тој од радост што ме виде, стана малку и, ставајќи го Крстот, ми рече:

Јас, дедо, за еден час ќе ја напуштам земјата.

По пет минути легна на својот кревет, бидејќи повеќе не можеше да седи. Тој шепна нешто. Потоа го сврте погледот нагоре и рече:

 Небесата се отворија, Дева Марија се спушта на мене и со неа мноштво Светители. Ти, дедо, ги гледаш? праша.

Не, дете мое, му одговорив.

 Да, и Христос, Царот на славата, се појави на облаците и се спушта кај нас.

Со овие негови зборови сите членови на неговото тело се мрднаа грчевито. Погледот му беше насочен надесно. Почнав да се тресам од страв.

Господи, извика, би сакал да страдам повеќе овде на земјата заради другите, но нека биде како што сакаш.

За една минута издивна. О, како затворениците тагуваа по него!

Не можам да го заборавам.

Како што ми кажа во исповедта, видението го видел три пати. Господ и по неговата смрт да му ја даде благодатта што ја имал додека живеел на земјата, за да ни помогне и нас грешните да го кренеме нашиот Крст.

За време на мојата пастирска служба во затворите, ретко сретнав такви христијани. Но, тие постојат.

Таквите луѓе се навистина Божји избраници! За нив нивниот живот е само Христос.

Колку и да трпат страдање, мачење и секакви угнетувања, во сето тоа не гледаат ништо друго освен утеха, радост и некаква духовна сладост.


Архимандрит Спиридон


Од книгата: Од она што го видов и живеев

Comments