Ти треба прво да му кажеш на Него: Господи,овој грев е тежок за мене.

  Ти треба прво да му кажеш на Него: Господи,овој грев е тежок за мене.



Не сака Господ на сила да те Воскреснува од твојата смрт,да те зема од твојот грев. Ти треба прво да му кажеш на Него: Господи,овој грев е тежок за мене.

Не го сакам,има сила над мене,ослободи ме! И тогаш секогаш се случува чудо,секогаш.

Никогаш Господ не ја остава молитвата ниту на најголемиот грешник.

Сетете се на Светата Марија Египетска. Каква грешница,какви гревови!

Во еден момент кога Пресветата Богомајка ја допре нејзината душа, а ја допре така што таа го почуствува целиот ужас на своите гревови моментално, ја почуствува целата гадост на своите гревови, и реши да му се обрати на Господа. 

И Пресветата Богомајка ја прегрна и ја прифати и неа, голема и страшна грешница,  ја одведе во пустината на подвизи какви е тешко да ги замисли човекот.

Таа голема грешница стана голема покајничка и голема подвижничка Света Марија Египетска. 


Свети Јустин Поповиќ

Comments