Во тешките денови низ кои поминуваме, каде на друго место да се свртиме за да добиеме сила, каде на друго место да ги поддржиме нашите надежи?

 Во тешките денови низ кои поминуваме, каде на друго место да се свртиме за да добиеме сила, каде на друго место да ги поддржиме нашите надежи?




Во тешките денови низ кои поминуваме, каде на друго место да се свртиме за да добиеме сила, каде на друго место да ги поткрепиме нашите надежи?….

Колку помалку вера имаме, толку е поголема нашата тага. Една од најголемите придобивки на верата е ослободувањето на човекот од многу таги.

Се додека детето знае дека таму е таткото, кој се грижи за куќата и за сите домашни работи, секоја тага брзо завршува со песна.

Но, штом се изгуби ова чувство, песната престанува! Тогаш детето се чувствува сираче и осамено, опкружено со таги.

Колку повеќе човекот се труди сам, со свои сили да ги „растовари“ своите таги, толку повеќе се заплеткува во нивните мрежи.

Радоста избледува, косата побелува, телото „испарува“, гневот се таложи, додека личноста не заврши како вреќа сува кожа полна со гнев, наведната над гробот.

Зошто имаш толку многу таги?

Ова е прашањето што Спасителот му го поставува на човештвото, кое е вознемирено и растргнато од многу таги.

 ,,А кој од вас, грижејќи се , може на својот раст да му придаде макар еден лакот?,, (Матеј 6, 27).

Зошто си толку тажен? Може ли сонцето да не изгрее утре наутро?

Оној што се грижи сонцето да изгрее утре наутро во тоа точно време и во таа одредена секунда, ќе се погрижи за сите ваши мали таги.


Свети Николај Велимировиќ

Comments

Post a Comment

Напиши коментар