Дете мое, ниту кога си среќен, ниту кога си тажен немој да донесуваш одлуки. Почекајте да помине радоста. Почекајте да помине тагата. И потоа донесувајте одлуки...


 



Дете мое, ниту кога си среќен, ниту кога си тажен немој да донесуваш одлуки. 

Почекајте да помине радоста. Почекајте да помине тагата. И потоа донесувајте одлуки


Старец Ефрем ни велеше во Катунакија, кога одевме: Дете мое, ниту кога си среќен ниту кога си тажен немој да одлучуваш. Почекајте да помине радоста. Почекајте да помине тагата. А потоа донесувајте одлуки. Се сеќавам дека понекогаш, под влијание на настани, од искушенија, велевме: како овој старец..., како овој другиот старец...Не, дете мое. Бидете трпеливи за да помине радоста и тогаш. Нека помине искушението.

Сега сè што ќе одлучите и ќе кажете погрешно ќе биде затоа што вашата емоционална состојба има ефект. Многу сте среќни и мислите дека се е секогаш вака и носите одлуки и кажувате големи зборови. Или сте многу тажни и одлучувате дека животот е црн, нема смисла, се е изгубено и нема причина повеќе да постои..

Ниту едното ниту другото.

Имајте мир!

Имајте надеж во Бога!

Нека Бог работи за вас и за било кој.

Ти го правиш човечкото а Бог ќе го направи Неговото.


Митрополит Атанасиј Лимасолски 


Comments