Кој може да ни помогне?

 Кој може да ни помогне?


„.. што Сам претрпе, откако беше искушан...“ ( Евр. 2:18 ).



Без разлика дали сме мачени од искушенија или вознемирени од сомнежи, да одиме со нив директно кај Оној Кој, „претрпе искушение, може да им помогне на оние што се во искушение," .


Да одиме со сите мисли кои нè угнетуваат, од кои се срамиме и кои ги мразиме - оние мисли што не сме можеле никому да ги искажеме - и да ги искажеме на Оној Кој може да помогне, бидејќи и Тој претрпел искушение.


Со длабоко чувство на скрушеност, во свеста за нашиот грев, да одиме кај Исус, кој „не дојде да ги повика на покајание праведните, туку грешниците“ ( Матеј 9:13 ). Да не се двоумиме, да не одложиме ни минута, да одиме сега, да ја излееме целата своја душа пред Него, да ги исплачеме сите наши солзи пред Него, да Го сакаме многу, за да ни се прости многу ( Лука 7:47 ).


Тогаш ќе исчезнат сите наши сомнежи, ќе го надминеме искушението и „Господ да ви ја зголеми и да ви ја умножи љубовта еден кон друг и кон сите, каква што и ние имаме кон вас; за да ги утврди вашите срца, та да бидат непорочни во светоста пред Бога и Отецот наш при доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос со сите Негови светии. Амин!“ ( 1. Солунјаните 3:12–13 ).


Од дневникот на еден православен свештеник

Comments