Победници на бурата

 Победници на бурата



„Блажени се кротките, зашто тие ќе ја наследат земјата“ ( Матеј 5:5 ).


Колку јасно се рефлектира небото со сите негови ѕвезди, со својата длабока сина боја, колку светло сончевите и месечевите зраци сјаат на мазната површина на водата! Но, штом ќе зафати бура, овој небесен одраз исчезнува: водата потемнува, брановите, каменот и песокот се креваат, иритираниот елемент се пени, рика, удира во карпите и со себе носи уништување и смрт.

Зарем истото не се случува во човечката душа кога ќе ја совлада раздразливост и гнев? Таму каде што љубовта треба да блесне, каде што би можеле да живеат мир и тишина, хармонијата одеднаш се нарушува, раздорот се сее, рани се нанесуваат, пријателскиот, мирниот живот е уништен!

Зошто може да се појави таква бура во душата? Од каде доаѓаат овие облаци? Раздразливоста најчесто е последица на себичност, гордост и страст за моќ. Сакаме луѓето да ни попуштат, сите да се согласат со нас, бараме исполнување на нашата волја, затоа секоја противречност, најмала неволја кај нас буди раздразливост, која се надува од демонска сила и нè запоседнува, ја заматува нашата душа, ни носи цела бура од гнев и нетрпеливост.

Да бевме скромни и кротки, ништо вакво не би можело да се случи! Господ, повикувајќи нè да го земеме Неговиот јарем на себе, ни дава пример на смирение и кротост, ни ветува дека овој јарем ќе биде лесен и добар товар и дека ќе најдеме мир за нашите души. Учејќи од Господа, имитирајќи го Него, согледувајќи ја Неговата сила и следејќи ги неговите стапки, пред сè треба да се понизиме и да го скротиме секој гнев во себе. Царството Божјо не може да се воспостави во раздразнета душа; нема Господ во бурното ветре! Тешко е да се борите со духовна бура: таа често доаѓа незабележано, а душата, однапред невооружена, слабее и подлегнува на притисокот на брановите. Мораме да внимаваме и, ако нѐ зафати бура, веднаш да погледнеме во Оној Кого апостолите го разбудиле во чамец претепан од брановите. „Потоа стана, им заповеда на ветровите и на морето, и настана голема тишина.“ ( Матеј 8:26 ).

Нека во нашите души се воспостави Царството Божјо и во него нека биде прикажан ликот на кроткиот Спасител!


Од дневникот на еден православен свештеник 

Comments