Без борба човекот не може да се соедини со Бога...


 




Без борба човекот не може да се соедини со Бога



Знаеме дека целта на нашиот живот е нашето соединување со Бога.

Нашата Црква е таа што нè учи на оваа голема цел на нашиот живот, но и која ни помага да ја реализираме.

И да, помош која ни ја дава Црквата за да ја реализираме оваа голема цел на нашиот живот: Великиот пост.

Тоа е периодот во кој со убавите Богослужби, убавите стихови што ги пее нашата Црква, убавите читања нè потсетува дека нашата цел е да се соединиме со Бога.

И за таа цел мора да се бориме. Без борба, човекот не може да се соедини со Бога.


Старец Георгиј Капсанис

Comments