Бројаницата на Свети Нектариј и чудесниот настан што се случи!

  Бројаницата на Свети Нектариј и чудесниот настан што се случи!





Игуменот Андреас Агиопаулитис почувствува привлечност кон тишината.

Тогаш отец Герасим Менајас беше подвижник во пустината. Тој бил кефалонец и доаѓал во Свети Павле. Отец Андреас ги запозна отец Менајас и посака да живее со него во пустината на Свети Василиј. 

Многу го молеше игуменот Серафим и на крајот му даде благослов. Во 1938 година отишол во Свети Василиј и живеел две и пол години кај подвижникот отец Герасим Менајас. Таму се сретна со други подвижници и со старецот Јосиф Исихаст. Тој имаше голем почит кон старецот. Го сметал за Светител и го бранел кога слушнал дека е обвинет.

Отец Андреас го кажа следново:

Менајас беше личен пријател на Свети Нектариј, кој му ја даде негова фотографија и бројаница. Потоа, таму во Свети Василиј некои се сомневаа во Светоста на Свети Нектариј. Менајас, за да им докаже дека е Свет Свети Нектариј Егински, зел леген, ставил брашно и вода, ги измешал, одозгора ја ставил бројаницата на Свети Нектариј и таа сама по себе набабрила без квасец.

Не сакам друг доказ , рече отец Андреас.

Comments