Зарем никој навистина не знае каде е најголемото лудило на современиот свет што отпаднал од Христа?...


 



Зарем никој навистина не знае каде е најголемото лудило на современиот свет што отпаднал од Христа?



За волја на вистината, никој не знае каде се крие најголемото лудило на современиот свет кое отпаднало од Христа: во личниот живот или во бракот? во училиште или во политика? во економски структури или законски одредби? во војна или во мир? Секаде се гледа она што ние го нарекуваме вулгарно и варварско. Таму каде што Христос најмногу отсуствува, таму изобилува вулгарното и варварското. Лагите и насилството триумфираат.

 Христос ги повика луѓето да веруваат во оваа радосна вест: покајте се и верувајте во Евангелието. Тоа значи дека ги повикал да веруваат во Него, во секој Негов збор. Затоа што не постои друг начин луѓето да дојдат до свесност за вистината за најважните животни прашања.

Што значи вера во Евангелието? Тоа значи да се верува во Радосната вест што небесниот ангел, Божјиот Син и Бог, му ја донел на човештвото. Со други зборови, тоа е верување во Господ Исус Христос и Неговото Откровение. Откровението Христово е најголемото откровение од основањето на светот.

Господ рекол: Покајте се и верувајте во Евангелието. Вистинското покајание не е само тагување за гревовите што ги направил, туку целосно претворање на душата од темнина во светлина, од земно во небесно, од его кон Бога.


Свети Николај Велимировиќ 


Comments