Ако некој ги разбира тајните на духовниот живот, тој престанува да тагува поради тоа што му се случува...

Ако некој ги разбира тајните на духовниот живот, тој престанува да тагува поради тоа што му се случува




Ако некој ги разбере тајните на духовниот живот и тајниот начин на кој Бог работи, тој престанува да биде тажен поради тоа што му се случува, бидејќи со задоволство ги прифаќа горчливите лекови што Бог му ги дава за здравјето на неговата душа.

Сè смета за резултат на неговата молитва, бидејќи постојано бара од Бога да му ја обели душата.

Но, кога луѓето се соочуваат со светски искушенија, тие се измачувани. Бидејќи Бог нè набљудува сите, човек мора да Му се предаде, во спротивно тоа е страдање, тој бара се да му дојде, како што сака, но не му доаѓа сè како што сака, и не наоѓа одмор.

Без разлика дали некој е сит или гладен, дали е фален или онеправдан, треба да биде среќен и смирено и трпеливо да се соочи со се.

Тогаш Бог ќе продолжи да му дава благослови, сè додека неговата душа не достигне точка каде што не може да ја задржи, не може да ја издржи Божјата добрина. И, колку повеќе духовно напредувате, толку повеќе ќе ја гледате Божјата љубов и ќе се стопите од Неговата љубов


Свети Пајсиј Светогорец 

Comments