Ете, младоженецот доаѓа среде ноќта...


 



Ете, младоженецот доаѓа среде ноќта




Младоженецот на Црквата е Господ, Бог кој ја помаза човечката природа со Божество, Христос.

Тој е единороден Син Божји, истосуштински со Отецот и Светиот Дух. Тој е Оној Кој по благодатта на Бога Отецот ги спушти небесата и слезе во светот.

Неговото слегување е и Негово понизување. Така Бог се понизи себеси на неразбирлив начин од Својата Божествена слава, без да изгуби ништо од она што е, за да се дружи со луѓето. Но, оваа Божествена љубов е толку голема што достигнува крајности.

Бог се вознесува на Крстот и оттаму се спушта во Адот. Подолу нема ниту место ниту пат каде што Бог може да оди. И таму ги подава рацете, за секој што сака да може да Го фати и да го извади од адот, како што вели еден современ отец на Црквата, старец Емилијан Симонопетриски оваа е крајно понизување на Бога...

Comments