Научете го вашето дете да гледа во небото...


 



Научете го вашето дете да гледа во небото



Ако сте го научиле вашето дете да се моли, тогаш сте го научиле на Божјиот јазик.

Ако сте го научиле вашето дете да гледа во небото, сте му дале соодветна ориентација во неговиот живот.

Ако сте го научиле вашето дете како да клечи, тогаш сте го научиле на сè. Да клекне не од пораз или ропство, туку од победа против страстите, кои ги должи на помошта Господова и на вашата сопствена помош и синергија како родител. Тогаш тоа научило сè и пред него болката и смртта нема да имаат сила. Што значи тоа: Ќе умре но во суштина ќе живее, ќе боли но ќе се заслади и освети. Сето тоа затоа што ќе го поврзе својот живот со животворниот Христос.

Ние ги учиме нашите деца на семоќта на себичноста, додека победата, силата и љубовта тивко се кријат во величественоста на понизувањето.

На нашите деца им даваме световно „сено“ на суета наместо да ги храниме со Бог и љубов. Жед за Рајот и ближните. Да ги научиме нашите деца да нудат, а не само да бараат. Да споделуваме, а не да чуваме, да се отворат и да не се затворат за егото. Да одат напред во нивните животи не како да се центар на светот, туку како дел од овој свет, дека без Бог и споделување љубов никогаш нема да најдат вистинска среќа и исполнување.

Скапоцениот дар на слободата не се користи за да се сака и да се служи, туку да се сака и да се понуди на овој свет. Да биде подарок, прегратка, љубов, галење, молитва.

Образованието не значи правилно да те воспитувам чедо мое и да се фалам со твојот световен напредок, туку да те ставам во однос на Оној што те создал за да ја најдеш својата егзистенцијална полнота која не е ништо друго освен осветување на човекот. Нашето дете нека го гледа ликот на Господ не како украс, туку како прозорец кон небото и Христос како татко кој е таму да нè пречека секоја минута и секој момент. 

Да ги научиме нашите деца не само како да се подобрат себеси, туку и како да го подобрат светот.


отец Спиридон Скутис

Comments