Љубов со многу лица...и Крстот...


 




Љубов со многу лица...и Крстот...



Пеколот не е отсуство на некаква емотивна љубов, туку отсуство на Христос.

Да не ја заборавиме пеколната љубов. Има љубов кон страстите, која убива, но и љубов која осветува и ослободува. Треба да се внимава кога се кажува овој збор. Повеќето луѓе љубовта ја поистоветуваат со емоции, додека љубовта е Христос, самата личност. Затоа велиме дека Бог не само што има љубов туку е љубов. Христос е љубов и само во овој однос на љубов човекот е целосен, другата љубов ја јаде смртта.

Затоа, не кажувајте „те сакам“ без да гледате во небото и лицето Господово затоа што тогаш љубовта што ја чувствуваме нема да оди понатаму, не може да издржи, нема основи и темели на кои треба да се држи.

 Нема смисла, брате, само да сакаш, туку во „КАКО“ сакаш. Таму се крие патот на вашата љубов. Односно, „како“ љубовта што ја чувствувам ќе постои засекогаш и како смртта нема да ја допре. И ќе прашате каде постои ова „КАКО“?... Одговорот е еден: Во Распнатиот...

На Крстот љубовта го добива своето вистинско значење. Таму се завршува, и додека вие верувате дека на Крстот умира љубовта, таа живее во вечноста и конечно го наоѓа своето довршување во Лозјето Господово...



Отец Спиридон Скутис 

Comments