Дали христијанинот може да биде расист?...


Дали христијанинот може да биде расист?



Важно е да се разбере дека, генерално, сите ние припаѓаме на една раса. Индијците, Арапите, Евреите, Африканците и Азијците не се од друга раса, туку од различни етникуми од човечката раса. Бог ги создал сите луѓе со исти физички карактеристики, со само мали варијации. И не само тоа, туку ги создаде сите луѓе според Својот образ и подобие (1. Мој. 1:26-27) и нè повика сите да дојдеме во заедница со Него. Црнец ми е исто толку брат како Норвежанец кој има сини очи како моите.

Во Книгата Дела читаме дека со доаѓањето на Светиот Дух, учениците почнале да зборуваат на различни јазици. А Откровението ни помага да погледнеме во вечноста каде што мажите и жените „од секој народ и племе и јазик... извикуваат со силен глас велејќи: За спасението наше слава на нашиот Бог, Кој седи на престолот, и на Агнецот! (Отк. 7:10). Фактот што писателите на Светото Писмо се повикуваат на етникуми и ја гледаат различноста како добра работа не му дозволува на христијанинот да има помисли за расна супериорност или одделни раси.

Евангелистот Јован признал дека има предрасуди кога ги запишал зборовите на Натанаил: Може ли нешто добро да излезе од Назарет? (Јован 1:46). Како се осмелуваме да имаме расистички ставови кога Господ Исус Христос ни дал параболи кои ги допреле дури и верските водачи од Неговото време? Параболата за добриот Самарјанин (Лука 10) и приказната за Самарјанката кај бунарот (Јован 4) не ни дозволуваат да веруваме во идеите за национална супериорност. Дури и нашата Православна иконографија намерно го одразува целиот спектар на тонови на кожата.

Секој облик на расизам, предрасуди и дискриминација го навредува делото на Христос на Крстот. Нашиот Господ умре за сите да се спасат. Националноста не треба да значи ништо за христијанинот, а нашите парохии треба да ја откријат вистината за разновидноста на нациите што ќе постојат во Царството. Ако се држиме до расистички ставови, само покажуваме колку сме далеку од учењето на нашиот Господ.

Значи, дали христијанинот може да биде расист? Одговорот е јасно не!


Старец Трифун Васонски


Comments