МОЛИТВА НА СВЕТИОТ СВЕШТЕНОМАЧЕНИК КИПРИЈАН ПРОТИВ МАГИИ,ЛОШИ ЈАЗИЦИ И УРОЦИ

 МОЛИТВА НА СВЕТИОТ СВЕШТЕНОМАЧЕНИК КИПРИЈАН ПРОТИВ МАГИИ,ЛОШИ ЈАЗИЦИ И УРОЦИ




Владетелу Господе Исусе Христе Седржателу и Управителу на Сè,

Свети и Сеправославен Цару над Царевите и Господару над Господарите, Слава Ти!Ти кој владееш во безграничната светлина и непристапната грмотевица,Тебе те гледаат илјадници Сили и милијарди Свети Ангели и Архангели. 

Сега пак Ти се молам и Те преколнувам Боже наш , мојата Молитва пред Тебе Боже и Господе Милостлив да биде како жртва благоугодна за Тебе. Секој човек кој има дух нечестив сосема да се ичисти со целиот свој дом. Ако е врзан за лукаства и зла дела или со магија или е притиснат од седумдесет и две завидливи клетви и маѓепсан и во себе носи триста шеесет и пет магиски зборови, кои се на штета и пропаст на слугите Божји (име ...) со целите нивни домови. Каде и да се прочита оваа усредна Молитва моја пред Твојата Благодат, веднаш да се ослободи целиот народ и место од секој гнев и болест и од секаква врзаност со лукавства, и баења и магии, секој урок и зол јазик, пакост,невнимателност и мрзеливост, разузданост, неразборитост, неразбраност, слабости и безнадежност, секоја неправда и секоја заблуда или измама, или пречки кои доаѓаат од ѓаволот како и слугите Божји (име ...) со сите свои домови да бидат разрешени и избавени во име на Отецот, Синот и Светиот Дух. Амин. Било да се тие гатања и магии на небо, било на земја, било во море, или било на кое друго место или во поле, веднаш овој час да се разрешат и укинат на слугите Божји (име ...) и на сите домови нивни, и да се ослободат слугите Божји (име ...) и целите домови нивни од секое злодејство и магија, или зли очи, или завист, или гатање, или зол јазик, или баења, или проклетства или анатеми, или клетви и секоја хула или силите нејзини. Нека слугите Божји(име ...) веднаш ги напушти секое влијание на нечестивото повикување на Сесветото име на Твојот Татко и Еднородниод Син и Благоживототворниот Дух со молитвата на мене смирениот и благочестливиот Твој слуга Кипријан сите демони нека побегнат и нека се разрешат лукавствата нивни и целиот народ и целата творевина да се разреши од секое вразување и демони и слугите Божји (име ...), со сите домови свои и стварите нивни, да бидат ослободени и избавени од секаква слабост и дејствија на нечестивиот и секој демон и противничките сили, Ти се молиме да се разрешат и лукавите дела да изчезнат со повикување на Сесветиот Дух на Бога Саваота.

Било да се слугите Божји (име ...) на небото заврзани или попречени, да се разрешат. Било баењето да се наоѓа на земја, било во надвратници, да се разреши, било во прагот или на коњска кожа, или со железо или во камен, или закована на дрво, да се разрешат и како чад да исчезнат. Било да е запис со мастило, или крв човечка, животинска, птичја или рибина, или со олово или цинобер или со лимонов сок, или со нешто друго испишан или оставен на некое место на земја, па слугите Божји (име ...) ги ископале на своја штета, во овој час нека се разрешат и загинат и искоренат делата на гатањата од местата и пребивалиштата каде што се чита оваа моја молитва и врши ова молење. Било да се во дворот на куќата овие баења закопани или се по него расфрлани, или се на некој метал направени чворови, да се разрешат, било да се провлечени низ коски, или се во море или бунар, или во гроб фрлени, да се разрешат, било да се со нокти човечки, животински, било од птици живи и мртви, или со земја од мртвите направен напиток, нека се разрешат, ако се под плоча ставени или под тараба, ограда или со шајка заковани, или со игла прободени, да се разрешат во овој час, било со сребро или злато или со некој друг метал да се направени нечестиви дела, да се разрешат во овој час, било со волна или памук или свила или лен или сукна или некоја друга билка да се заврзани, овој час да се разрешат, било да се во кревет забодени, нека се разрешат заврзаните, нека се разрешат овој час, било да се со ортома, или канап, или со нешто друго заврзани, овој час да се разрешат било да се во вода направени или во шупло дрво или во завриена вода да се варени, овој час да се разрешат било да се направени со човечка крв, или животинска или птичија крв или од риби живи или умрени Господе Боже Наш ги знаеш местата начините и луѓето, овој час да се разрешат и растурат делата на гатањето па каде и да се наоѓат, а своите слуги (име ...) сочувај ги со нивните домови. Нечестивите дела се растурат и разрешат и како чад исчезнат пред слугите Божји (име ...) во име на Отецот и Синот и Светиот Дух на Севеликиот жив Бог и да се сотрат противничките сили со силата на Чесниот и Живототворниот Крст, нека се повлечат делата на гатањата и нека се одалечат од слугите Божји (име ...) по молитвите на Мачениците и сите Твои Светии, Амин. Ти се молиме и Те преколнуваме Господи Исусе Христе Боже Наш да ја ослободиш и оживотвориш секоја душа напатена и слугите твои (име ...) со нивните домови како и оние кои ја пишуваат молитвата моја и се молат со неа во ова, и кои ја носат како вечна заштита. Десницата Твоја Господе да им даде покров и помош нека во сè во овој дом има радости и веселби. Да, Господе послушај ме мене што ти се молам, да таму каде што ќе се најде молитвата и молењето мое, да се разреши секој човек и домот негов од дејствијата на секоја слабост, секоја клевта и анатема, секое проклество секаква препрека, несреќа, клетви, злијазици, зависти, уроци, невнимание разузданост од сладострасно насладување со храна, слабости, безумност, невоздржливост, неразбирливост, гордост, немилосрдност, неправедност, распуштеност секоја заблуда и лага, со името Твое Свето и Прославено со Век и Векови. 

Амин.

Нека Воскресне Бог и нека се развејат непријателите негови и нека бегат од лицето Негово сите кои го мразат. Како што исчезнува чадот да исчезнат, како што се топи восокот од лицето на огнот така да загинат грешниците од лицето Божје, Праведниците нека се Веселат еве го Денот што го створи Господ, да се Радуваме и Веселиме во Него.


Comments

  1. Slava na Otecot I Sinot I Svetiot Duh sega I sekogas I vo vecni vekovi.
    Amin +++

    ReplyDelete

Post a Comment

Напиши коментар