Бевте многу вознемирени гледам. Но, ние христијаните не треба да бидеме вознемирени, ниту смртта да не плаши. Што мислите дека е смртта? Смртта е средство, таа е вратата низ која поминуваме во вечноста! Ова е смрт… И сите ќе поминеме низ оваа врата. Тоа е единственото нешто сигурно. Треба само да бидеме подготвени. Така, на Судниот ден ќе бидеме од десната страна на нашиот Христос. Таму сите ќе бидеме наградени и ќе уживаме во рајските добра. Не дојдовме овде за да останеме засекогаш. Дојдовме да бидеме испитани и да заминеме во вечниот живот. Затоа, не тагувајте поради нешто што е пропишано. Сите го знаеме ова. И ние го очекуваме. Без разлика дали некои луѓе не сакаат да го сфатат тоа и велат: „еве го пеколот, тука е рајот“. Хм, не е така. И самите знаат што го кажуваат тоа. А длабоко во себе и самите не веруваат во тоа. Но, кога ќе се соочат со смртта, тогаш кој ќе ги спаси? Зарем не сте слушнале при првата опасност што ќе ја сретнат, дури и оние кои се, или се изјаснуваат дека се, неверни, кого повикуваат на помош? Тие викаат: „О Боже! Богородице моја!" или некој Светител што го сметаат за свој патрон? Сега, ќе ми кажеш зошто ти кажав така. Па, благослови, знам колку си чувствителен и сакав да те подготвам. Оди сега кај добрите и јас ќе се молам, Господ да те укрепи.
Comments
Post a Comment
Напиши коментар