Дали знаете кога душата се насмевнува?

Дали знаете кога душата се насмевнува?


Небесниот Отец ни даде лице и душа.

Секогаш кога ќе видиме некој близок, секогаш кога ќе видиме прекрасен пејзаж, кога ќе слушнеме нешто пријатно, нашето лице се насмевнува.

Но, имаме и душа која вреди повеќе од нашето лице.


Дали знаете кога душата се насмевнува?


Секој пат кога му помагаме на ближниот, душата ни се насмевнува!

Секогаш кога ќе ја дадеме нашата милостина на сиромашните, душата ни се насмевнува!

Секогаш кога одиме на неделна богослужба на нашата Црква, тaa повторно се насмевнува!

Секој пат кога ќе се исповедаме, нашата душа не само што се насмевнува, туку „лета“!


Секој пат кога со љубов размислуваме за Господ Исус Христос и ги отвораме очите на нашата душа кон Него, нашата душа се насмевнува!

Секогаш кога ќе му кажеме „извини“ на некого на кого згрешивме, критикувавме, повредивме, душата ни се радува!

Секогаш кога со почит го правиме својот крст, кога поминуваме покрај црква, душата ни се насмевнува!

Овие насмевки ќе му ги понудиме на Господ Исус Христос кога ќе го сретнеме на небото.


Старец Јосиф Ватопедски

Извор : Света Гора

Comments