Искушенија

 Искушенијата се испраќаат за да се откријат скриените страсти и човек да се бори со нив, а со тоа да се исцели душата. И тие се знак на Божјата милост, затоа со доверба предадете се во рацете на Бога и побарајте помош од Него, за да ве зајакне во вашата борба. Довербата во Бог никогаш нема да доведе до очај. Искушенијата носат смирение. Бог знае колку секој од нас може да издржи и дозволува искушенија колку што можеме. Но, мора да се грижиме и да бидеме будни и внимателни и да не се доведуваме во искушение.

Свети Нектариј Егински

Comments