„Денес е тешко да се изгради храм. Сите демони ќе воскреснат“

 Светителот и основач на Светиот манастир на Светиот Претеча во Есекс, Англија, Архимандрит Софрониј Сахаров, му рекол на своето духовно чедо додека гледале во храмот што почнал да се гради на територијата на манастирот:


„Денес е тешко да се изгради храм. Сите демони ќе воскреснат“, и продолжи со анегдота што ја слушнал во Русија. „Некој отишол во пеколот, но сепак сакакал да има храм таму за да се моли. И покрај неговата грешност, тој го сакаше Бога и сакаше да се моли. Почнал да го мери просторот за да направи темел. Еден ѓавол го прашал што прави? Тој одговорил: „Сакам да изградам свет храм за да се молам“. Ѓаволот бил загрижен бидејќи не било можно да се изгради храм во пеколот и се обидел да го спречи. Не успеал и повикал други демони. Ниту тие не можеа. Тие го пријавиле тоа кај нивниот водач. И тогаш се собраа многу демони и го извадија од пеколот за да не изгради храм“. А Старецот продолжил: „Така градиме храмови за да го претвориме пеколот во рај и ако не успееме во тоа тогаш ќе успееме да го спречиме ѓаволот да не прими во пеколот“.




Comments