Бог честопати не одговара на нашите молитви

Бог честопати не одговара на нашите молитви. МОЛЧИ. Неговото молчење за многумина е показател дека „Нема Бог“, „Тој е мртов“.

Но, кога би размислувале за положбата во која го ставаме Бога со нашите страсти, ќе видиме дека Тој нема друг начин освен да молчи. Божјата тишина е одговорот на нашите лаги, најелоквенти, најблагородни. Го молиме Него да застане на наша страна во нашите грешки. Тој не нè обвинува експлицитно, оставајќи нè да одиме по нашите лоши патишта и да ги жнееме плодовите на нашите сопствени гревови.

Но, ако се обратиме кон Него со покајание, тогаш Тој доаѓа брзо, побрзо отколку што можеме да очекуваме.

Свети Софрониј Сахаров

Comments