Молитва за секој ден во неделата...
Молитва за секој ден во неделата
ПОНЕДЕЛНИК: Боже, не се плашам за текот на мојот ден, зашто ќе ти дозволам да ме водиш.
ВТОРНИК: Боже, каква и да е неправда денес да ме повреди, помогни ми да не заборавам дека постои Твојата Правда, која ќе ја исправи.
СРЕДА: Боже благослови ја нашата куќа денес и сите што живеат овде во неа. Подари ни мир и љубов. За сите што доаѓаат да го почувствуваат Твојот благослов длабоко во себе.
ЧЕТВРТОК: Се трудам да ја следам Твојата волја, вршејќи ја својата должност најдобро што можам.
ПЕТОК: Дојди Боже овој час и благослови ме. Дај ми мудрост да опоменам правилно. Дај ми правилен суд, за да постапам правилно.
САБОТА: Твојата љубов, Боже, ми го исполнува животот. Кога мислам дека ме сакаш, не се жалам колку љубов понекогаш не наоѓам од ближните. Твојата љубов ме смирува мирно.
НЕДЕЛА: Ослободен сум, победник сум. Една недела работев, се борев, паднав, станав, почнав одново.
Победив со Тебе секогаш покрај мене. Кога ќе размислам, се исправам, се насмевнувам, благодарам.
Од монах Светогорец
Comments
Post a Comment
Напиши коментар