Нашите деца станаа неспособни за вера поради родителите...


 




Нашите деца станаа неспособни за вера поради родителите





... Бидејќи жените од нашето време ја изгубија оваа висока свест, тие почнаа да раѓаат првенствено месо.

Нашите деца станаа неспособни за вера. Тие често не веруваат дека се слика на Вечниот Бог. Најголемиот грев во нашево време е тоа што луѓето потонаа во очај и повеќе не веруваат во Воскресението.

Смртта на човекот кај нив ја доживуваат како конечна смрт, како уништување, додека таа треба да се смета како момент на промена на формата на нашето постоење како ден на нашето раѓање во повисокиот живот, во полнотата на животот што припаѓа на Бога.

Навистина, Евангелието вели: Кој верува во Синот, има живот вечен; а кој не верува во Синот, нема да види живот, но гневот Божји ќе биде врз него (Јован 3:36). Амин, амин ви велам дека.. кој го слуша словото Мое и верува во Оној, Кој Ме пратил, има живот вечен и нема да дојде на суд, а преминал од смрт во живот.  ( Јован 5,24) . 

Амин, амин ви велам, кој ќе ги запази зборовите Мои, нема да види смрт довека(Јован 8,51). Така можеме да споменеме многу слични изрази.

Често слушам од луѓето: Како или зошто се случува сето ова?

Зошто мнозинството луѓе ја изгубиле способноста да веруваат? Зарем новото неверување не е последица на поширокото образование, кога она што го вели Светото Писмо станува мит, неостварен сон?

Верата, капацитетот за вера, првенствено не зависи од степенот на образование на човекот. 

Навистина, забележуваме дека во нашето време, во кое образованието се шири, верата се намалува, додека всушност треба да биде спротивното, т.е. колку човековото знаење станува пошироко, толку повеќе причини има да ја препознае големата мудрост на создавањето на светот. Па кој е коренот на неверството?

Најпрво мораме да кажеме дека оваа работа е првенствено работа на родителите, татковците и мајките. Ако родителите сериозно го третираат чинот на раѓање на новиот човек, со свесност дека роденото новороденче навистина може да биде „син човечки“ според ликот на Синот Човечки, односно Христос, тогаш тие се подготвуваат за овој чин не како што обично се прави. 

Еве еден прекрасен пример: Захарија и Елизабета долго се молеле да бидат благословени со дете... Па што се случило? Ангел Господов му се јави (на Захарија) од десната страна на жртвеникот за темјан. А Захарија се вознемири поради тоа и го обзеде страв.

 Но ангелот му рече: Не бој се, Захарија, зашто се услиша твојата молба и жена ти Елисавета ќе роди син, и ќе му ставиш име Јован.

 И ќе бидеш радосен и весел, и мнозина ќе се зарадуваат поради неговото раѓање.

 Зашто тој ќе биде голем пред Господа и нема да пие вино ни сикер, а ќе се исполни со Дух Свети уште во утробата на мајка си;

и многу Израилеви синови ќе ги врати кон нивниот Господ Бог (Лк. 1,11-16).

Дури подоцна гледаме дека Јован, уште во утробата на мајка си, ја препознал посетата на мајката Христова, скокнал од радост и неговата радост се пренесе на мајка му. Тогаш таа се исполни со пророчки дух. Друг пример е пророчицата Ана.

Дури и сега, ако татковците и мајките раѓаат деца сфаќајќи ја крајната важност на оваа работа, тогаш нивните деца ќе бидат исполнети со Светиот Дух, веќе од утробата на мајката, и вера во Бога, Создателот на сите, тоа ќе им стане природно и ниедна наука нема да може да ја разниша оваа вера, зашто „она што е родено од Духот е дух“. Значи постоењето на Бог и неговата близина со нас е за таква душа очигледен факт. 

А неверувањето на учените или неучените во очите на овие Божји деца едноставно ќе биде доказ дека тие луѓе сè уште не се родени одозгора и токму поради овој факт тие не веруваат во Бога, бидејќи се целосно телесни родени од месо.

Но, она што е вистински проблем за Црквата, нејзината судбина, е како да се убедат луѓето дека се вистински деца и ќерки на вечниот Отец, како да му се покаже на светот можноста за друг живот, сличен на животот на самиот Христос, или житијата на Пророците и Светителите. 

Црквата мора да му донесе на светот не само вера во Воскресението, туку и сигурност за тоа. Тогаш барањето за какви било други моралистички учења е излишно.


Свети Софрониј Сахаров 




Comments