Бев во Париз, имав сè - (Така мислев..)...


 


Бев во Париз, имав сè - (Така мислев..)



Бев во Париз, имав се, живеев со Парискиот уметнички свет и учествував на сите настани.

Но, ништо не ми даде радост и олеснување.

После секој настан во уметничкиот свет се чувствував празно и вознемирено.

Мојата логика ми рече дека морам да направам нешто, да излезам од ќорсокакот што ме држеше ...

Но, не најдов решение.

Порано велев дека овој живот е брутален, суров.

Тогаш помислив да се замонашам, но каде и како немав поим.

Бев руски емигрант-бегалец во Франција. Таму имаше многу Руси, кои го основаа

Богословскиот институт Свети Сергиј...

Во Институтот Свети Сергиј сите зборуваа за Бог, но јас не го видов Бог...

Но, кога отидов на Света Гора, никој не зборуваше за Бога и сè укажуваше на Бога.


Свети Софрониј Сахаров


Comments