Дали имате железно срце?
Има луѓе кои на своите непријатели или на непријателите на Црквата им посакуваат уништување и страдање во огновите на пеколот.
Тие размислуваат на овој начин, бидејќи Светиот Дух не ги научил на љубовта Божја. Кој навистина научил, лее солзи за целиот свет. Велиш дека е разбојник, дури и да гори во огновите е на адот.
Но, јас те прашувам: ако Бог ти даде добро место на рајот и го видиш оној за кого си посакал овие работи да биде фрлен во огнит, нема ли тогаш да го сожалуваш, кој и да бил, дури и ако бил непријател на Црквата?…
Или имате железно срце? Но, во рајот, нема потреба од такво срце. Таму е потребно смирение и Христова љубов која има сочувство кон сите.
Кој не ги сака своите непријатели, Божјата милост уште не се вселила во него.
Милостив Господи, научи нè со Твојот Свети Дух да ги сакаме нашите непријатели и да се молиме со солзи за нив. Господи, како што Ти се молеше за твоите непријатели, така научи нè со Твојот Свети Дух да ги сакаме нашите непријатели.
Свети Силуан Атонски
Comments
Post a Comment
Напиши коментар