Што ни нуди молитвата?...


 




Што ни нуди молитвата?



Молитвата ни овозможува да бидеме повеќе „присутни“ во однос на Бога, со другите и со самите себе.

Таа ни овозможува да се соединиме уште поблиску со Бога.

Исто така, ни овозможува подобро да ги разбереме другите и да ги продлабочиме нашите односи со нив. Благодарение на неа, исто така, можеме да поминеме од површината до длабочините на нашето битие.

Молитвата ни овозможува да живееме поинтензивно и подобро во секој момент од нашиот живот.

Таа не прави и поприсутни на овој свет. Од друга страна, пак, на парадоксален начин ни овозможува да се одвоиме од неа и да се приврземе за друг, за светот со кој ќе се сретнеме по нашата смрт и во кој ќе живееме вечно.

Молитвата нè запознава со состојбата по смртта и ни овозможува да учествуваме во неа. Молитвата нè учи, вели старецот Сергиј, да зборуваме на јазикот на другиот свет, бидејќи таа е самата јазикот на тој свет.

Целта на христијанскиот живот, вели старецот Сергиј, следејќи го Свети Серафим Саровски, е стекнувањето на Светиот Дух, а молитвата е најважното средство за тоа.

За да добиеме одговор на нашата молитва и после нашата молитва да имаме корисни резултати, постојат некои услови.

Пред да ја започнеме молитвата, да побараме прошка од Бога за сите наши грешки и пропусти. Молитвата, генерално, треба да се врши во дух на покајание. За да биде делотворно, да се молиме со свесност за нашата грешност...


Comments