Радувајте се секогаш (1. Солунјаните 5:16)

 Радувајте се секогаш (1. Солунјаните 5:16).


Нашата радост пред Господа ја изразува нашата благодарност кон Бога, бидејќи кој човек може да каже дека Бог постојано не гледа во него, не излева млаз од Своите дарови врз него? Значи, ако не се радувам, тогаш сум неблагодарен на Бога. Радоста е гоење, оплодување на земјата за да може семето да пушти корени и да никне. Во спротивно, земјата нема да даде ништо друго освен трње.

 Нашата радост е уништена од нашето размислување, мечтаење и мешање во туѓите работи. Радоста ја уништуваат и нашите страсти. Како по правило, радоста завршува кога „јас“ ќе ги нападне нашите животи. Недостатокот на радост е нешто ненормално за човекот, доброволно повлекување во себе; а што и да посака таквиот нема да го постигне. Треба прво добро да се погледне себеси за да види што се случува и зошто е без радост. Тогаш нека се труди да најде радост и конечно Божјиот мир ќе го заземе местото на радоста. Дали сум добар, верен, совршен, свет? Јас сум наставник? Ако не се радувам, ништо не сум. Заслужувам да ми се каже: „Лекар, исцели се, а потоа предај му се на Бога“. Бог не може да влезе во безрадосно срце, не може да најде допирна точка со него, бидејќи Бог е мир, полнота на радоста. Само слично може да се соедини со слично, така што Бог може да се соедини само со радосна душа. Секој што верува дека е блиску до исполнување на заповедите Христови, но не е радосен, од ова може да разбере дека е во целосна заблуда. Радоста е критериум, мерка.

Старец Емилијан Симонопетриски

Comments