Роденден или именден

 Роденден или именден?




Во контекст на семејството, Небесната Црква, имам само едно име; сите ние имаме само едно име. Нашето вечно име, кое го добивме при крштевањето. И тоа е свето, бидејќи е дадено од Бога и запишано од ангелите.
Затоа, ние верниците мора да го славиме нашиот именден, а не денот на нашето раѓање, како што слават денес повеќето жители на земјата. Освен ова, има уште една причина зошто треба да го славиме нашиот именден.
Светителот, чие име го носиме, е составен дел од нашето семејство и нашиот секојдневен живот.
Го чуваме во иконостасот на нашиот дом, цел живот.
Но и кога ќе умреме ќе го стават на негово место на нашите гради. Затоа  и да умреме, Светите остануваат живи, не само на небото, туку и на земјата.
Светителот чие име го носиме е и наш амбасадор на рајот. Тој ќе биде еден од нашите бранители во конечниот суд, тој ќе биде блиску до Пресветата Богородица Мајката Божја и до нашиот ангел  чувар. 

Comments