Човечкиот грев е слаба година, а Бог тивко чека со надеж

 Гледајќи ја неправдата на неправедните, честопати прашуваме: зошто Бог веднаш не ги удри со гром и не спаси од неправдата? Но, во исто време, забораваме да се запрашаме: прво, зошто мајката не го убива своето дете штом прва го фати како прави нешто лошо? второ, зошто Бог не нè удри нас - мене и тебе - со гром кога го виде злото што го направивме? Божјиот капитал е вложен во секој човек. Ниту еден сопственик нема да ја исече градината ако еден ден не даде плод, туку со надеж ја очекува следната година. Човечкиот грев е слаба година, а Бог тивко чека со надеж.

Понекогаш залудно чека: Јуда остана Јуда. Но, често тој чека и добива изобилен плод: градината почнува да дава плод, а Савле станува Павле.


Свети Николај Велимировиќ

Comments