Рајот е Божја љубов - Свети Исак Сирин

 Рајот е Божја љубов - Свети Исак Сирин


Во него е суштината на сите благослови. Во овој рај блажениот Павле се хранел со натприродна храна. И откако го вкуси дрвото на животот таму, извика велејќи: „Што око не виде, уво не чу, ниту на човека на ум му падна, тоа Бог го приготвил за оние, кои Го сакаат.”“ (1. Кор. 2. 9). Од ова дрво на животот Адам бил спречен од советот на ѓаволот.

Дрвото на животот е љубовта Божја, од која падна Адам и не можеше повеќе да се радува, туку се трудеше и ја излеа својата пот во трнлива земја. Оние кои се лишени од Божјата љубов, т.е. небото, лебот на пот го јадат со својата работа, меѓу трње, макар и да чекорат по правиот пат на доблестите. Тоа е лебот што Бог му дозволил на првороденото да го јаде по неговиот пад. Така, додека не ја најдеме љубовта, нашата работа е во земјата на трње и во нив сееме и жнееме, дури и ако нашето семе е семе на праведноста. Затоа, постојано нè боцкаат трње и колку и да се оправдуваме, живееме во нив со пот на лицето.

Но, кога во нашиот упорен и праведен подвиг ја наоѓаме љубовта Божја, се храниме со небесен леб и се зајакнуваме, без да работиме со вознемиреност и без да се умориме, како луѓе без љубов. Небесниот леб е Христос, Кој слезе кај нас од небото и на светот му дава вечен живот. И овој живот е храна на ангелите.

Кој ја нашол својата љубов, секој ден и час го јаде Христа и од неа станува бесмртен . Зашто „кој јаде – вели – од лебот што ќе му го дадам, никогаш („во век“) нема да умре“(Јн. 6, 58)Толку е блажен оној што јаде од лебот на љубовта, кој е Исус. Дека секако, кој јаде од љубов, го јаде Христос, Богот на сите, сведочи апостол Јован, кога вели дека „Бог е љубов“ (1. Јв. 4, 8). Така, кој живее во љубов, животот го прима од Бога како плод и во овој свет отсега се мириса тој воздух на воскресението, во кое се препуштаат заспаните праведници.




Comments