За семејните односи

 За семејните односи


  Според отец Тадеј, односите во семејниот живот многу зависат и од чувањето на мислите. Пред нас е писмото на старец Тадеј упатено до една жена која тагувала поради односот со нејзиниот брат и снаа, кои лошо се однесувале со нејзината мајка и свекрва. Жената му испрати писмо на отец Тадеј, тој ја посоветува; таа го слушаше - и ситуацијата во семејството радикално се промени. Еве го писмото на старецот:

На Господ возљубена благородна душо,

Го прочитав твоето долго писмо.

Преосетливи сте и сите оние кои се пречувствителни многу страдаат во животот, бидејќи внимаваат на околностите и непријатностите кои ги снашле во животот.

Бидејќи очекувате внимание и разбирање од сите, особено од вашите, затоа и многу страдате.

Треба да размислите малку подлабоко за сè. Кога мајката ќе го омажи синот, таа снаа може да биде како ангел на доброто, но свекрвата не може да ја поднесе, бидејќи снаата и го “киднапирала„ синот, а тоа е природно за мажот да се сврти кон сопругата, додека родителите остануваат на другата страна, мајката не го поднесува тоа и во срцето не ја поднесува снаата, а однадвор може да биде најдоброто нешто со ќерка- свекрва, но, за жал, никој не треба да ни потврди дека некој не сака или не, се чувствува и така меѓу свекрвата и снаата, настанува мислена војна  и често тоа трае до крајот на нејзиниот живот, бидејќи снаата не ја знае тајната на животот, дека треба да ја сака својата свекрва, повеќе од сопствената мајка, а свекрвата уште некое време ќе продолжи психички да војува со снаата и на крајот ќе мора да го остави оружјето, бидејќи против љубовта нема таква сила која ќе може да се спротивстави долго време, а кога свекрвата ќе види дека нема повеќе отпор со снаата, туку дека постојано и одговара со љубов, тогаш повеќе ќе ја сака снаата од синот, бидејќи сега во снаа гледа уште еден син кој многу ја сака. Ретко кој ја сфаќа и ја разбира оваа тајна, но има и такви снаи каде меѓу нив и нивните свекрви владее совршена божествена љубов.

Тогаш треба да разбереш дека твојата снаа не може да поднесе нејзиниот сопруг, брат ти, да биде внимателен и смирен кон тебе и со вашата мајка , а разбирливо е дека брат ти мора да биде груб кон тебе и мајка ви, за да може да ја зачува хармонијата на неговиот брак.

Ти како побожна душа треба сето ова да го разбереш и да не ги земаш при срце навредите што ти ги нанесуваат роднините, блиските пријатели и непријателите, туку да им простиш од се срце и така ќе можеш да го зачуваш мирот во срцето и душата..

Простете им на сите од се срце и отсега немојте ментално да војувате со ниедна душа и тогаш ќе го имате Божјиот мир во себе и тој мир ќе зрачи од вас на сите страни, особено на оние со кои често доаѓате во контакт.

Од Господ и од Пресвета Богородица ви посакувам мир и радост и се најдобро на сите

Архимандрит Тадеј и братијата“

Comments