Псалмите изразуваат молитвеност, покајание...

 



Кога некој погреши,поради својот егоизам постанува тежок самиот на себеси.

Неможе ниту да чита, ниту да се моли, зошто молитвата му се чини тешка и голема како планина,ниту може да клекне зошто му се чини дека ќе ги скрши колковите.

Ако не можеш да се молиш, ниту да бдееш, натерај се самиот себеси барем да ги проучиш псалмите...

Псалмите изразуваат молитвеност, покајание, чувствителност и искуство кои можат да го воскреснат и најслабиот човек.

Како кога некој ќе изгуби чувство и свест му даваат малку вода и тој се поврати, така исто се подигнува и со псалмите.

Читај ги псалмите и ќе видиш дека и ти самиот ќе се исправиш, повратиш и ќе воскреснеш.


Старец Емилијан Симонопетриски

Comments