Четиринаесет поуки ОД МУДРОСТА НА СВЕТИОТ СЕРАФИМ САРОВСКИ

                   Четиринаесет поуки ОД МУДРОСТА НА СВЕТИОТ СЕРАФИМ САРОВСКИ



1. Мораме суптилно да се однесуваме со нашите ближни, без да ги навредуваме дури ни со нашите очи.

 

2. Задолжително поттикнете го духот на збунетата и тажната личност со љубовни зборови.


3. За неправдата што ти ја нанеле другите, каква и да е, не треба да се одмаздуваш, туку од срце да му простиш на оној што ти нанел неправда.

 

4. Не треба во своето срце да негуваш омраза и ненаклоност кон ближниот, кој те мрази. Но да го сакаме и да му правиме што повеќе добро, според заповедта Христова.


5. Вратата за покајание е отворена за сите и не се знае кој ќе поведе, вие што го критикувате другиот или оној што го критикувате.

 

6. Секогаш критикувајте се себеси и ќе престанете да ги критикувате другите.

 

7. Лошото дело можете да го осудите, но никогаш оној што го направил.


8. Кога човекот е напуштен од Бога, тогаш ѓаволот е спремен да го уништи, како што воденичкиот камен го уништува семето на пченицата.

 

9. Непотребната грижа за животот е карактеристика на неверниот и малоумен човек. И жално е ако ние, грижејќи се за себе, не се надеваме на Бога кој нè заштитува!

 

10. Подобро е да го презираме она што не е наше, односно привремено и распадливо и да си го бараме своето, односно нераспадливото и вечно.

 

11. Тагата е црвот на срцето, кој ја проголтува мајката што го родила.

 

12. Кој ги победи страстите, ја победи и тагата.

 Оној кој е совладан од страстите нема да ги избегне оковите на тагата. Како што пациентот може да се види по бојата на неговото лице, така и пациентите со депресија.

 

13. Господ се грижи за нашето спасение. Но, ѓаволот убиец се обидува да не доведе во очајание.

 

14. Во духовниот живот не смееме да бидеме потресени од никаква непријателска сила.

Comments