БИДЕТЕ ТИВКИ, А МОЛИТВАТА ДА ЗБОРУВА

 

Сфатете ја тишината: таа е од сите, најтешката и најрешавачката во уметноста на молитвата. Тишината не е чисто негативна - пауза меѓу зборовите, привремен застој во говорот - но, правилно сфатена, таа е многу позитивно: став на внимателна свесност, будност и пред сè слушање. Исихастот, човекот кој достигнал исихија, внатрешен мир и тишина, е par excellence оној што слуша. Тој го слуша гласот на молитвата од сопственото срце и разбира дека овој глас не е негов, туку на некој Друг што му зборува внатре.

Митрополит Диоклејски Калист Вар.

Comments