Промисла Божја...

Навикнати сме да ја оценуваме смислата на нечиј живот од аспект на настани, лични достигнувања, придонес за јавната благосостојба. И ако не го видиме ова, тогаш се чини дека животот на една личност немал некое посебно значење… Всушност, животот на секој човек не се сфаќа по ефектот што го произведува врз другите, туку преку неговата поврзаност со Бога. ..

Често ни се чини дека голем дел од она што се случи беше празно и непотребно. Еве, дај ми можност, би ја искористил и би си го препишал животот одново. Вистинскиот живот го доживуваме како лошо напишан нацрт: би го исправил овде и овде, би создал таква правилна, идеална верзија на мојот животен пат. Сè во животот изгледа некако погрешно. Но, Бог не води по овој конкретен пат. И Тој е со нас какви што навистина сме. Самите грешки, таги, болести ни ги дозволува со некоја цел што не ни е секогаш јасна.

Од време на време, како свештеник, среќавам луѓе кои доживеале клиничка смрт. Еден од нив рече дека, еднаш на тој свет, го видел неговото тело од страна, видел лекари како се обидуваат да направат нешто, потоа завршил на друго место и целиот живот му бил прелиен пред очи. Му се покажа дека во сето она што му се случува нема апсолутно ништо бесмислено, дури и некои секојдневни ситуации, дури и она што навидум не носи никаква животна корист, некои средби - ништо не било случајно, бидејќи во сето ова, Промислата на Бог се покажа.

Божјата промисла го става секој поединец во такви услови во кои најдобро се манифестира неговото лично самоопределување во однос на спасението. Дали тоа навистина го сакаме: добро или зло, вечен живот или временски добра?

Во животот постојано ни се дава можност да ги знаеме нашите слабости, несовршеност, грешност.

Времето минува, и по многу, многу години, наеднаш сфаќаме дека некогаш сме биле како да нè штител Некој, Некој не спасил од лажни чекори, не спасил од безизлезни ситуации, не штител од опасности. И ако ни беше дозволено да паднеме, тоа беше само за да можеме да научиме некоја важна лекција од ова.

Божјата промисла се разбира од далечина. Само многу далекувидните луѓе, кои се способни длабоко да се поврзат со животот, а не да се фокусираат на моменталното, можат веднаш да ја видат Божјата промисла и да ги предвидат Божјите патишта. Тешко дека сме меѓу такви луѓе. Затоа, подобро е понизно да го прифатиме она што ни е дадено во животот, сеќавајќи се дека сето тоа е дадено од Бога.

Свештеник  Валери Духанин

Comments