Во еден мал град живееше многу богат човек.Живееше во мала и трошна куќа....

 Во еден мал град живееше многу богат човек.Живееше во мала и трошна куќа.

Не сакаше да прави нова куќа,туку своето богатство го штедеше и го чуваше. 

Но се случи една вечер,куќата да се запали и целата да изгори.Но тој рипна од постелата па онака необлечен брзо го зема своето богатство и избега од куќата.

Неговата куќа се претвори во пепел,но тој не жалеше за неа.

Туку со своето богатство,се пресели во еден голем град, и во тој град направи прекрасен дворец, и таму продолжи да живее радосно и безгрижно.


Што значи оваа приказна?

Малиот град е овој свет во кој луѓето живееат како гости на овој свет.

Малата и трошна куќа го означува телото човеково,дом на душата човечка.

Богатиот човек е разумен Христијанин,кој ги слушнал и ги разбрал со своето срце и ги вметнал во него Христовите зборови:

- Што му помага на човекот ако се здобие со целиот свет а ја изгуби душата своја?

Големото богатство на човекот ја означува богатата душа на разумниот христијанин,кој целиот свој век се труди да живее по законот Христов и ги натрупа сите оние благодати,кои сјајат посилно од златото и среброто.

Тоа духовно богатство е: верата и надеж во Бога,и љубов спрема Бога и молитва и милост и добрина и мир и братољубие и кроткост и чистота.


Што значи пожарот во куќата?


Ја означува телесната смрт. Ненадејниот пожар во ноќта ја означува ненадејната телесна смрт, на која не и се знае ниту денот ниту часот.

Разбудувањето на богатиот човек од сон во момент на пожарот и преселување во големиот град означува ослободување на душата од телото во момент на смрта и преселување во другиот свет.

Големиот град го означува Царството Христово кое е вечно, и во кое живеат само ангели и праведници.


Убавиот двор во големиот град го означува живеалиштето на секоја праведна душа на оној свет,во Царството вечно и бесмртно.


Свети Николај Велимировиќ

Comments