Зошто си толку тажен?

 Тешките денови низ кои поминуваме, каде на друго место да се свртиме за да добиеме сила, каде да ги поткрепиме нашите надежи?

Колку помалку вера имаме, толку повеќе тагуваме. Една од најважните придобивки на верата е ослободувањето на човекот од многу таги.


Се додека детето знае дека има татко кој се грижи за куќата и за сите домашни работи, сите негови грижи брзо завршуваат со песна. Но, штом се изгуби ова чувство, песната премолчува! Тогаш детето се чувствува сираче и осамено, опкружено со тага, се чувствува опкружено со рој сфинги.


Колку повеќе човек се труди сам да се „ослободи“ од своите таги, толку повеќе се заплеткува во нивните мрежи.


Радоста згаснува, косата побеле, телото „испарува“, гневот се собира, додека човекот не заврши како вреќа сува кожа полна со гнев, наведната над гробот.


Зошто си толку тажен?


Ова е прашањето што Спасителот му го поставува на човештвото, кое е вознемирено и растргнато од многу таги.


-A кој од вас, грижејќи се, може на својот раст да му придаде макар еден лакот? ( Мат. 6:27 ).


- Зошто си толку тажен? Можеби сонцето нема да изгрее утре наутро?

Оној што ќе се погрижи сонцето да изгрее утре наутро во одредено време и во точно одредено време, ќе се погрижи за сите ваши мали грижи.

Свети Николај Велимировиќ

Comments