Молитва на Свети Пајсиј Светогорец...

 



Молитва на Свети Пајсиј Светогорец


  Господи Исусе Христе,


 Не оставај ги твоите раби кои живеат далеку од Црквата, нека Твојата љубов проработи и сите да ти ги донесе;


 - Сети се, Господи, на твоите раби кои боледуваат од рак.

 - На Твоите раби кои страдаат од мали или големи болести.

 - На Твоите раби кои страдаат од физички маани;

 - Твоите раби кои страдаат од ментални нарушувања;


 - Спомни си, Господи,за децата од неволни семејства,

 неволни семејства и разведени.

 - Спомни си, Господи,за сираците од целиот свет, сите жртви и жртви во животот,и оние кои ги загубија своите сопрузи.


 - Спомни си, Господи,за сите затвореници, анархисти, наркомани, убијци, криминалци, крадци, просветли ги и помогни им да се исправат.

 - Сети се Господи на сите иселеници.  Сите оние кои патуваат по море, копно, воздух.

 - Спомни си за нашата Црква, отците (свештениците) на Црквата и верниот народ.

 - Спомни си, Господи,на сите монашки братства, машки и женски, старци, и сите братства и Светогорски отци.

 - Спомни си, Господи, на твоите раби кои се во време на војна.

 - Оние кои беа прогонувани во планините и во рамнините.

 - Оние кои се како бркани птици.


 - Спомни си заа Твоите раби кои ги оставија домовите и работните места и страдаат.

 - Спомни си, Господи,за сиромашните, бездомниците и бегалците.

 - Спомни си, Господи,за сите народи да ги имаш во твои раце, да ги покриеш со Твојот свет Покрив, да ги чуваш од секакво зло и од војна.  

 - Спомни си, Господи,за намачените напуштени, напатени, искушувани семејства и богато дај им ја својата милост.

 - Сети се на вашите раби кои страдаат од ментални и физички заболувања од секаков вид.

 - Сети се се на оние кои се во очај, помогнете и смирете ги.

 Сети се Господи на Твоите слуги кои се молеа за нас.

 -Сетете се на сите оние кои со векови заспале и почиваат.

Comments