Приказна за алчниот монах...

 


Приказна за алчниот монах

Во еден манастир во Грција имаше еден обичај: за тешката работа монасите да добиваа пари.

Монасите во манастирот се нарекуваа браќа,зошто тие живееја како едно семејство.Многу од монасите сакаа да работат повеќе,а добиените пари ги даваа на сиромашните.

Само еден монах се однесуваше спротивно од другите.

Никој никогаш не беше видел дека тој даваше милостина на ниту еден сиромав.
И него го нарекоа Алчниот. Проаѓаа годините и се беше исто.

- Скржавец!- помислуваа другите монаси.

Но дојде времето монахот кој го нарекуваа Алчен да се пресели во другиот живот, и тој почина.

Кога по околните села разбраа за смрта на монахот во манастирот почнаа да доаѓаат сите жители,да би се опростиле од починатиот.
Го оплакуваа Алчниот и жалеја за негова смрт.

Браќата многу се зачудија.

- Што добро ви направи овој човек? Зошто толку го оплакувате? - прашаа браќата.

Еден човек кажаа:

- Тој ме спаси!

А другиот додаде:

- И мене!

Селаните се мачеа од утро до вечер,да би можеле да ги прехранат своите деца. Но без волови тешко можеа да ја изораат земјата. Доколку семејството имаше вол,тогаш и деца немаше да бидат без леб.

И ете монахот кој го нарекуваа Алчен, штедеше пари и купуваше волови на најсиромашните селани.

Така ги спаси од глад и сиромаштво.

Како беа изненадени сите оние кои монахот го сметаа за алчен!

И старецот Пајсиј ја заврши својата приказна со зборовите:

- Како можат,не познавајки ја состојбата, да донесуваат заклучоци?

Нели Христос кажа: НЕ СУДИТЕ!

Свети Пајсиј Светогорец

Comments