Бремена сум од друг маж, но оној кој ќе ме ожени ќе го прифати како свое...

 


Бремена сум од друг маж, но оној кој ќе ме ожени ќе го прифати како свое...


Во најголем број на случаевите отец Герасим Фокас на неделата на Самарјанката ја пратеше иконата на Пресветата Богородица.Така до сега не се случи  за тој ден да немаме од неговите беседи.


Меѓутоа, слушајќи ја случајно последната беседа од литургија во 2000 година, го забележавме овој дел од беседата кој ќе го споделиме со вас.

"Слушајте го оваа деца мои, кое ми го испрати еден мој пријател и брат" кажа и започна возбудено да чита:

Онаа што ќе ви кажам  доаѓа од исповеста и тоа го правам за општото добро.

Две девојки дојдоа да се исповедат.

Тоа беше предходната недела во неделата на Самарјанката во кое Евангелието кажува " имам маж"...

Додека беа во Црквата, го слушнаа Евангелието и беа шокирани.

Па дојдоа да се исповедат.


Беа много модерно дотерани или подобро бесно облечени.


Влезе првата и ја прашав дали има деца. Ми одговори дека има две.


Ја прашав: Со што се занимава вашиот маж?

А таа ми одговори: Немам маж.

Сетете се на Самарјанката. "Имам човек".

А Господ и кажа добро кажа, оти немаш маж.


Ја прашав:

- Дали вашиот маж е убиен, дали е починат? А таа ми одговори:

- Не, едно дете го родив со еден маж, а другото со друг човек.


Бев шокиран од оваа девојка, имав Евангелие пред себе и ја прашав:

Па, ќерко моја, никогаш не размислуваше за абортус додека беше бремена..." ја прашав.

Без маж, без подршка, со ноќна работа, во друштво кое лесно не ги прифаќа неомажените мајки...


Ми одговори:

- Отец мој, кога би знаел што се  мислев кога дојдоа децата? Бидејќи дека Бог ми дозволи да дојдат, решив да не ги убивам, оти имам толку гревови, и секој ден продолжувам да грешам поради својата работа, барем, после тоа што Бог ми ги испрати овие две дечиња, да ги спасам, можеби, Бог ме награди затоа што ги спасив овие две дечиња, ме спаси мене.


Отец Герасимос читајќи го се оваа беше во солзи, плачеше...а и сите ние плачевме.

Потоа влезе другата девојка нејзина пријателка, истотака модерна, бесна девојка.


Знате отец ноќеска ќе бидне мојата последна работна вечер на улица.


Зошто, ја прашав.


Ќе се мажам. А мојот маж сака да престанам. Му кажав, бидејќи ќе го сменам мојот начин на живот, ќе отидам да се исповедам, да би ја променила и својата душа.


Ја Прашав: Дали имате вонбрачни деца, како вашата другарка?


Таа ми одговори:

- Носам едно во себе, старо два ипол месеци.


Ја прашав:

Со тој што ќе се мажиш или е некој друг?


Тоа е некој друг.


Па зошто не се земете со оној од кого носиш дете?


Да не би имале подоцна проблеми.

Ниту го сакам, ниту тој мене.

За оној за кој ќе се омажам  ќе му покажеме на светот, ако не е грев, мој Отец, дека тој е татко на оваа дете.Тој сака да се грижи за детето и ако го прифатите тој сака да дојде да се исповеда.


"Ако го прифатам"? Кажи му дека го молам да дојде и да го видам како би ја остварил својата желба.

Бидејќи тој е таква личност кој ќе добие таква духовна тежина, да ја извлече девојката од гревот и да го заштити вонбрачното дете,дозволете ми да ја исполнам неговата желба.


Отец Герасимос го остави текстот, не погледна и продолжи:

Ете така, браќа и сестри мои Божјата Благодат често се дава таму каде не ја очекуваме, Благодата Божја доаѓа и на нашите градови и села и на нашите манастири и многу пати на нашето наследство.Гревот може  да го има и кај луѓето кои имаат таква доблест и таква светост.


Митрополит Герасимос Фокас


Comments