Зарем незнаете дека молитвата е разговор со Господа и несмееме да ја заборавиме...

 



Старецот секогаш имашe навика да ја кажува посебната молитва во 22:30 секоја вечер.

Еднаш кога бев со него во тоа време, ме повика кон себе, ги состави своите три прста, ми ги стави на чело и започна тивко, а ништо да не слушнав, да се моли едно пет минути.

Кога заврши, ми кажа:

- Секоја вечер во 22:30 се молам, исто како и моите духовни деца.

Молејќи се во исто време, сите така во исто време ги соединуваме своите молитви кон нашиот Господ.

Му ветив дека ќе се молам, но го прашав што да кажам во својата молитва.

Старецот ми одговори:

-"Господе Исусе Христе, помилуј ме", ништо друго. А нашиот Христос знае што ни треба.

Навистина, започнав да се молам онака како што ми кажа старецот.

Но, една ноќ неможев да се молам, поради својот грев.

Утредента ме повика старецот и ми кажа:

- Зарем незнаете дека молитвата е разговор со Господа и несмееме да ја заборавиме?


Свети Порфириј Кавсокаливит

Comments