Христос сака да нè има сите блиску до себе

 Старозаветните луѓе не можеле да ја разберат тајната на смртта, а до доаѓањето на Христос никој не знаел каде оделе луѓето кога умреле.

Христос дојде, беше распнат, погребан, слезе во пеколот каде ја соблече смртта влегувајќи во тајната на темнината. Го фатил човекот за рака за да го извлече од гробот. Потоа воскресна во слава за време на Неговото Вознесение и, оттогаш, сите знаеме дека воскреснатиот Христос ни подготви прекрасно, сјајно место: нè тера да седнеме покрај него, оддесно! Каква нежност! Каква љубов кон луѓето !

Христос сака да нè има сите блиску до себе, за да можеме да учествуваме во неговиот божествен живот, во неговото воскресение, во неговата слава и во неговата вечна радост. Тој нè донесе во светот, да славиме вечен празник. Да ја задржиме радоста во нашите срца, како што Бог го чува за секој од нас местото што ни го подготвил.

Архимандрит Eмилијан Симонопетриски

Comments