НАШИТЕ РОДИТЕЛИ: најсветите личности … по Бога

 НАШИТЕ РОДИТЕЛИ: најсветите личности … по Бога.

Многумина од нас родителите сме повредени и тажни поради лошите ставови, избори и горчливи зборови на нашите деца.

Ги донесовме на овој свет и ги воспитавме со труд и надеж.

За жал, болката е посилна затоа што заборавивме дека децата не ни припаѓаат. Му припаѓаат на Бога.

Ние родителите сме чувари на децата, а не сопственици.

Имаме голема одговорност за тоа како ги едуцираме.

Длабоко сте тажни кога ќе ја видите вашата мајка како плаче тивко и меланхолично, доживувајќи ја суровоста на суштеството што го родила.

Денешните деца заборавија дека нивните родители се најсветите луѓе на земјата, се разбира после Бога.

Им должиме почит, љубов, послушност и чест.

Се разбира, ние не избравме родители.

Кои и да се тие, ние мора да ги прифатиме.

Но, ако треба да избереме помеѓу заповедите на родителот или Бог, ние мора да ја избереме Божјата заповед, а не родителот.

Словото Божјо е чисто, како кристал.


Еве што вели Библијата и нашата Црква:

1. „Почитувај ги таткото свој и мајката своја, за да ти биде добро и да поживееш подолго на земјата,што ти ја дава Господ, твојот Бог“. (Исход 20:12)

2. „Почитувај ги таткото свој и мајката своја, за да ти биде добро и да поживееш [ветување 1] и да ти биде добро во онаа земјата што ти ја дава Господ, твојот Бог, [ветување 2]“ (Повторени закони 5:16).

3. „Оти Мојсеј  рече: Почитувај ги татка си и мајка си, и ,  кој го злослови таткото свој или мајка си, со смрт да се казни.“ (Марко 7:10).

4. „Вие, деца бидете им послушни на родителите свои, во името на Господа, зашто тоа е справедливо.“ (Ефес.6:1)

5. „И вие, татковците, не дразнете ги децата свои, туку воспитувајте ги во наука и стравот Господов!“(Ефес. 6:4).

6. „Деца, на родителите свои бидете им послушни во се, зашто тоа Му е благоугодно на Господа!“(Колос. 3:20)

7. „Татковци, не дразнете ја челадта своја, за да не паѓаат со духот.“(Колос.3:21).

8.„ Слушај го, синко советот на таткото твој, за да станеш потоа мудар.“ (Изреки 19:20).

9. „Кој зборува лошо за татка си и мајка си, зениците на очите негови ќе згаснат среде длабока темнина “ (Изреки 20:20).

10. „Не оставај го детето без казна: ако го казниш со прачка, тоа нема да умре; Ќе го казниш со прачка, и ќе ја спасиш душата негова од пеколот. “ (Изреки 23:13-14).

11. „ Кој го краде татка си и мајка си и вели: тоа не е грев тој им е соучесник на грабителите.“(Изреки 28:24).

12. „Богохулник е оној којшто го остава својот татко, а проколнат од Господа е оној што ја навредува својата мајка “  (Мудр.Сирах. 3:16).

13. „ Почитувај ги татко ти и мајка ти со сето свое срце и незаборавај ги родилните болки на твојата мајка; Помни дека од нив си роден: што можеш да им дадеш за сето она што го направиле за тебе.“ (Мудр.Сирах.7:29-30)

14.„Кој синот свој го милува-раните негови ќе ги лекува,а од секое негово офкање-срцето ќе му се потресува; Нескротен коњ станува див, а запуштен син - станува тврдоглав “. (Мудр.Сирах. 30:7-8)

15. „ Разгали го твоето дете, тоа ќе те вчудовиди, играј се со него и тоа ќе те ожалости; Не смеј се со него, за да не плачеш со него и најпосле и со заби да чкрташ; Не давај му слобода во младоста, грешките негови - не простувај му ги; Свиткај му го вратот додека е мал, гмечи ги ребрата негови додека е млад, за да не биде бунтовен и непослушен.“ (Мудр.Сирах. 30: 9-12)

16. „Кој ќе го удри таткото свој или мајката своја да се погуби; Кој го злоставува таткото свој или мајката своја , со смрт да се казни. “(Исход 21:15-16).

17. „Проклет да е оној, пто го навредува таткото свој или мајката своја! И целиот народа да каже: Амин! “ (Повтор.Закони 27:16)

18. Кога таткото и мајката ќе се напојат со пост, молитви, милостина, Бог се грижи за нивните деца. Кога родители ќе осушат од гревот,  деца се изгубени. (Свети Козма Етолски)

19. Кога јаболкото раѓа кисели јаболка, треба да го обвинуваме јаболкото или јаболките? Јаболково дрво. Па, вие родители, кои сте јаболко, треба добро правите и јаболката да ги правите слатки. (Свети Козма Етолиски)



Comments